Теоретичарите на заговор, се чини, беа во право. Чипирањето започна. Меѓутоа, иако многумина тврдеа дека луѓето ќе бидат чипирани од страна на сопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, тоа го направи сопственикот на „Тесла“, Елон Маск.
Тим од негови научници за почеток вметнале чип во свиња, но и луѓето ќе дојдат на ред. Чипираната свиња се вика Гертруда и има чип во главата што ги пренесува активностите на нејзиниот мозок на компјутер, па Маск се надева дека ќе успее да ги поврзе мозокот и вештачката интелигенција. Маск тврди дека со тоа ќе направи револуција во медицината и ќе им помогне на луѓето што се неподвижни, кои преживеале мозочен удар или имаат Паркинсонова болест.
Гертруда на прв поглед е обична свиња, но таа веќе два месеца носи чип во главата.
– Чипот ги поврзува невроните што се наоѓаат во нејзината муцка, па секогаш кога ќе нушка наоколу или кога ќе допре нешто со својата муцка, тој испраќа сигнали што ние само ги детектираме – вели Маск.
Таа е новата миленичка на милијардерот и пронаоѓач Маск, а во черепот има уред со големина на монета што ја следи активноста на нејзиниот мозок. Неговиот план е да развие сличен чип што би можел да им помогне на луѓето со разни болести.
– Може да се решат слепилото, парализата, проблемите со слухот, може да се направат многу работи само со интерфејс во церебралниот кортекс – тврди Маск.