Поз­на­ти­от ма­ке­дон­ски му­зи­чар Игор Ата­на­со­ски-Ха­ре не­о­дам­на ос­тва­ри со­ра­бо­тка со пе­ја­чот на гру­па­та „Пар­ни ва­љак“, скоп­ја­не­цот Аки Ра­хи­мов­ски. Ста­ну­ва збор за пес­на­та „Мај­ко“, за ко­ја е сни­мен и ви­де­о­за­пис.

Му­зи­ка­та и тек­стот се на Гу­ру Ха­ре, а тој ги от­сви­ри и ги­та­ри­те, до­де­ка аранж­ма­нот е на Ди­ран Та­вит­јан.

– Ова е уште ед­на мо­ја ус­пеш­на со­ра­бо­тка, овој пат со ле­ген­дар­ни­от Аки Ра­хи­мов­ски. Пре­за­до­во­лен сум од тоа ка­ко зву­чи пес­на­та. Аки ѝ вдах­на ду­ша, а Ди­ран ја збо­га­ти со од­лич­ни­от аранж­ман – ве­ли Игор Ата­на­со­ски-Ха­ре.

Ви­де­о­за­пи­сот за емо­тив­на­та ба­ла­да „Мај­ко“ го изра­бо­ти про­дук­ци­ја „Ме­лем“. Ре­жи­ја­та е на Ог­нен Шап­ков­ски, а ди­ре­ктор на фо­то­гра­фи­ја­та е Кри­сти­јан Те­о­до­ров. Во спо­тот се по­ја­ву­ва­ат акте­ри­те Ви­о­ле­та Шап­ков­ска и Ми­лан То­ци­нов­ски, ка­ко и Се­ад Ха­џиќ и Јан Те­о­до­ров.

M.T.