„Арт лебедев студио“, креативно студио со седиште во Москва, неодамна објави рендери од „грузовикус“ – концепт за самовозачки товарен полукамион.
Дизајниран да ја оптимизира аеродинамиката, „грузовикус“ е многу побрз од сите други полукамиони на денешниот пазар. Програмиран со вештачка интелигенција и висока технологија, овој проект претставува идеална „комбинација на интелигенција и убавина“.
– „Грузовикус“ има ефикасен екран на предниот дел што ги раздвојува струјните протоци на воздухот додека ги штити страните од нечистотија и ја оптоварува предната оска, обезбедувајќи стабилност – велат од „Арт лебедев студио“.
Наместо седиште за возач, самовозачкиот камион има голем ОЛЕД-панел на предниот дел. Опремен со пасивна компјутерска технологија за визија, вклучувајќи фотоапарати, сензори и радари, камионот е во состојба да регистрира оддалеченост од околните објекти додека централниот компјутер веднаш предизвикува реакција на промените на условите во сообраќајот.
„Грузовикус“ им овозможува на потрошувачите значително да ги намалат трошоците за превоз. Возилото е напојувано со електрична енергија и претставува економичен метод за замена на полукамиони што возат на гас.