Синоќа се одржаа 63-то доделување на наградите Греми, што ги доделува Американската музичка академија. Церемонијата овојпат се одвиваше во конгресниот центар во Лос Анџелес, наместо во Стејплс центарот, но вниманието на светската јавност не беше ништо помало. Добро се познати добитниците на наградите, но тоа е воедно за потсетување на еден интересен податок. Имено, досега наградата „Греми“ ја добивале и луѓе кои не се пејачи или музичари воопшто. Еве некои од нив.
Актерката, комичарка и авторка Кери Фишер стана светски позната по улогата на принцезата Леја во „Војна на Ѕвездите“. Кери ја доби прв пат наградата „Греми“ во 2010 година за најдобар албум со изговорени зборови. Таа доби и втора награда „Греми“ во 2018 година. За жал, не била во можност да ја прими затоа што почина во декември 2016 година, на 60-годишна возраст од срцев удар.
Бети Вајт, американска актерка, комичарка и водителка, како продуцент, таа била и е апсолутен пионер за жените во филмскиот и телевизискиот бизнис. Вајт се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди за најдолга телевизиска кариера на забавувач во 2013 година. Една година порано, Бети ја освои наградата „Греми“ за својата аудио книга со мемоари.
Актерка, водителка, ТВ-продуцент и стенд-ап комичарка Кети Грифин двапати ја освои „Еми“ наградата, нејзината цел беше да ја добие и „Греми“. По повеќе номинации, таа во 2014 година станала добитник на наградата „Греми“ во категоријата „Најдобра програма за комедија“.
Ѕвездите на филмот „Титаник“ се добитници на бројни награди, како што се Оскарите, Еми, Златните глобуси и други. Актерката Кејт Винслет е добитник на наградата „Греми“ во 2000 година и тоа двапати, музичка за нивниот сингл „Што ако“ и во категоријата за „Најдобар говорен албум за деца“.
Мартин Лутер Кинг јуниор за говорот „Зошто сум против војната во Виетнам“ бил постхумно награден со наградата „Греми“ во 1971 година во категоријата „Најдобро кажани зборови“.
Барак Обама, поранешниот претседател на САД е двократен добитник на наградата „Греми“. Обама ги доби двете награда во категоријата „Најдобар говорен албум“ за неговите две аудио книги „Соништата од татко ми“ и „Дрскоста на надежта“.
Најинтересно е триото од добитници со Софија Лорен, Бил Клинтон поранешниот претседател на САД и Михаил Горбачов поранешниот претседател на Советскиот сојуз.
Овие тројца добиле награда „Греми“ за аудио книги „Најдобар албум за деца со кажани зборови“: во „Петар и волкот“. Горбачов го чита воведот на англиски јазик, иако не го зборува јазикот, италијанската филмска ѕвезда Софија Лорен ја чита верзијата на бајката од перспектива на бестрашниот Петар кој го надмудри волкот. Бил Клинтон ја раскажува приказната од гледна точка на волкот.