Градоначалникот на една општина во западна Франција со закон наредил граѓаните да „бидат весели“ една недела во октомври, за време на локалниот фестивал, кога ќе биде забрането да се читаат книги со несреќен крај, како и да се слуша тажна музика
Фреди Рифо, градоначалник на општината Есар-aн–Бокаж, која има 9.000 жители, објави „службвена градска одлука“, која ќе важи од 5 до 11 октомври, додека се одржува музичкиот фестивал „Радосен град“.
Во одлуката донесена на 13 септември пишува дека „се забранува емотивна музика што би можела да звучи депримирачки или тажно, филмови, приказни или книги што немаат среќен крај“.
Тој ги повикал граѓаните „да произведуваат ендофрин, хормонот на среќата, така што ќе се смеат најмалку трипати на ден“.
La mairie des #Essarts (Vendée) a pris un drôle d’arrêté municipal. Du 5 au 11 octobre prochain, elle impose à habitants d’être “de bonne humeur de 8h à 22h”. Et “aucune dérogation ne sera accordée”. Voici le document : pic.twitter.com/zpepSqANXR
— Raphaël Godet (@Raphaelgodet) September 18, 2019