Гоблеки Тепе е најстарата монуметнатална градба во светот за која се претспоставува дека е изградена е пред околу 12.000 години, во споредба со пирамидите во Гиза, градбите во Гоблеки Тепе се постари за 7.000 години.
Систематските истражувања на овој арехеолошки локалитет и откритијата ја возбудија светската научна јавност. Врз досегашните арехолошки докази, научниците утврдија дека локалитетот бил изграден од ловци-собирачи како прво постојано религиско светилиште во светот. Врз основа на истржувањата во Гоблеки Тепе, научниците ја оформија теоријата дека религијата е предуслов за премин од средното камено време во неолитот, а не земјоделието и сточарството, како што се мислеше во минатото.
Локалитетот се наоѓа во југоисточниот дел на Турција и беше откриен во 60-те години на 20 век од страна на археолози од универзитетот во Чикаго, меѓутоа тие го датираа како локалитет од византискиот период. Пробив беше направен во 1994 година, од страна на германскиот истражувач Клаус Шмит кој откри неколку камени структури во форма на прстени.
Сите кругови имаат ист облик и се состојат од камени столбови во форма на буквата т. Монолитите се големи, а највисокиот е 5,4 метри и тежи 16 тони. Нивната површина е украсена со релјефи на животни – шкорпии, диви свињи, лисици, лавови, змии и стилизирани делови од човечко тело. Монолитите се поврзани со ниски камени ѕидови, а во средината на секој прстен се наоѓаат два големи камени столба.
Околу археолошкиот локалитет не е пронајдена населба и според Клаус Шмит локалитетот е творба на ловци-собирачи од подалечните колиби.