Иако единствен кандидат за градоначалник во малата општина Лезина- гратче од 6.000 жители, член на партијата „Лига“, Примијано ди Мауро, сепак изгубил на изборите.
За да бидат важечки резултатите од локалните избори, било неопходно да гласаат најмалку 50 проценти од гласачите, но во оваа мала општина само 49 проценти од населението излегло да гласа.
Така, победата која изгледала сигурна, со оглед дека немал конкуренција, се претворила во бизарна и најверојатно единствен пораз, бидејќи немал противкандидат.
Весникот што ја пренесе оваа вест, која е во рубриката „верувале или не“, пишува дека победиле оние кои ги бојкотирале изборите, односно не го искористиле своето демократско право да гласаат.
Апстиненцијата била фаворизирана од страна на две групи локални политичари – „Поинаква Лезина“, која е блиска на партиите од десниот центар и другата група – „Но кворум“, по политички уверување блиска до Демократската партија.
Бидејќи не е избрана локална влада, гратчето Лезина ќе го водат таканаречени – комесари.
Поразот без противкандидат стана хит на социјалните мрежи.