Гигантска медуза била забележана на југозападниот брег на Англија. Станува збор за медуза голема 1,5 метар која нуркачи ја забележале на брегот на Корнвол.
-Никогаш не сум видела толку големa медуза. Видовме неколку помали медузи на прекрасен гребен во близина, а потоа се појави оваа огромна, убава медуза- вели Лизи Дели, биолог која ја видела медузата во близина на Фалмут.
Според неа, пливањето со медузата било незаборавно искуство. Илјадници од овие суштества, меѓу кои и најголемата медуза, доаѓаат преку Атлантскиот Океан до топлата крајбрежна вода во западниот дел на Велика Британија секоја година и често се појавуваат на плажите во текот на мај и јуни.