Германскиот циркус „Ронкали“ е првиот во светот што користи холограми наместо вистински животни, а доживувањето е неверојатно. Циркусот постои од 1976 година, но Бернхард Пол кој е основач, одлучил да ја напушти традицијата за да се намали страдањето на животните, а воедно да им се приредат на посетителите настапи кои се дури и помагични од тие на класичните циркуси.
Пол почнал да размислува за такво решение додека го гледал шоуто на полувремето од финалето на НФЛ-лигата во американски фудбал, во 2018 година, за време на кое Џастин Тимберлејк пееше заедно со холограмот на музичката легенда Принс, кој почина две години порано. Оттогаш Пол беше решен да најде начин холограмот да го има во неговиот циркус т.е. слоновите, лавовите и другите диви животни да бидат во холограмска форма.
Од средина на 2019 година циркусот „Ронкали“ користи 11 проектори за да создаде 3Д холограми и други проекции во нивните настапи а посетителите ги оставаат без здив. За да се постигне таква „магија“ работел тим од 15 дизајнери и софтверски инженери.
Холограмите во овој циркус се широки 32 метри и високи 5 метри, глетката е подеднакво магична, независно од местото каде седат посетителите во гледалиштето.
Одлуката да не се користат животни во нивниот циркус е поздравенa од многу активисти за заштита на животните, бидејќи многу животни не се третираат секогаш добро во некои од циркусите.
Од 20 јануари годинава, со Законот за диви животни на циркусите кои настапуваат во Англија повеќе не им е дозволено да користат диви животни. Слични забрани во Велика Британија и во Република Ирска веќе стапиле на сила. Велс исто така е во процес на воведување на забраната, што се очекува да се случи до крајот на годинава.