Германската војска планира да воведе пошироки униформи за бремените жени-војници, објави денеска Министерството за одбрана.
Новите униформи ќе бидат воведени од оваа година.
– Во моментот ги проценуваме повратните информации од жените-војници и ги подобрува униформите – вели портпаролката на Министерството.
Осумдесет жени-војници веќе тестирале и оцениле околу 500 униформи со разни големини и комбинации, од борбени и свечени униформи, до хулахопки.
Тест фазата чинела околу 650 илјади евра, а новите униформи ќе бидат еластични и ќе можат да се носат во текот на целата бременост.
Овој потег е дел од пошироката програма за модернизација на Бундесверот, чија цел е да се постигне рамноправност во војската.
Бремените жени претходно мораа да облечат цивилно одело откако униформата ќе им станеше претесна.
Во просек во секој момент се бремени околу два отсто од 20 илјади жени во Бундесверот. Слични униформи веќе се воведени во другите држави.
Свечените униформи се користат за официјални церемонии, како при заклетва, додека маскирните униформи не се користат само во борба, туку и за работа во канцеларија.