Во новиот филм за Клеопатра, главната улога ќе ја толкува израелската актерка Гал Гадот, а нејзиното интервју за Би-би-си привлече големо внимание во јавноста.
Гал со изјавите во интервјуто им се спротистави на тврдењата на Египќаните, кои велат дека главната улога во филмот треба да ја толкува арапска или африканска актерка.
– Ако веќе се држиме до фактите, тогаш треба да се знае дека Клеопатра била Македонка. Баравме македонска актерка која би одговарала за улогата на Клеопатра, но не најдовме – вели Гадот во интервјуто за Би-би-си.
Клеопатра, родена во античката египетска престолнина Александрија, била последниот владетел во династијата основана од македонскиот генерал Александар Велики Птоломеј, чии потомци управуваа со Египет уште 300 години по него.
Постои мистерија околу идентитетот на нејзината мајка, што доведува до шпекулациите дека Клеопатра можеби била од мешано потекло, пишува Би-би-си.