Деновиве на неколку локации во Скопје се снима краткиот игран филм со работен наслов „Зајко“, кој е во македонско-хрватска копродукција, а во режија на хрватскиот режисер и сценарист Марко Чавка и на македонскиот режисер Бранко Попчевски. Сценариото исто така го напиша Марко Чавка.
Актерската екипа ја сочинуваат нашите познати актери: Елизабета Клинчаревска Младеновска и Џенап Самет, како и децата актери Адреин Гане Боирал и Анастасија Аневска.
Станува збор за емотивна приказна што ги опфаќа социјалните разлики и различните аспекти на идеологијата во современиот свет.