Првoто вселенско летало на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), „Надеж“, успешно влегло во орбитата на Марс по седуммесечно патување, со што се овозможува да испраќа податоци за атмосферата и за климата на таа планета.
Со оваа мисија, ОАЕ стана петтата вселенска агенција што успеала да стигне до црвената планета по САД, Советскиот Сојуз, Европа и Индија, пренесуваат светските медиуми.
Сондата „Надеж“ беше лансирана во јули минатата година од Јапонија, по две одложувања поради лошите временски услови. Целта на мисијата е мапирање на атмосферата на Марс во текот на секоја сезона.
Програмата поврзана со Марс е дел од напорите на ОАЕ за развивање на своите научни и технолошки можности и намалувањето на зависноста од нафта.
Околу 60 отсто од мисиите на Марс досега беа неуспешни, што сведочи за сложеноста на меѓупланетарното патување, но и за тешкотиите на леталата да поминат низ марсовата атмосфера да се спуштат на Марс.