Во првиот квартал од 2019 година, цената на станбен квадратен метар во Париз надмина 10.000 евра во старите градби. За 10 години, цената по квадратен метар се зголеми за 62,5 проценти во главниот град на Франција, јави дописникот на МИА.
Според податоци од истражувањето на „Вентури 21“ во моментот квадратен метар во Париз чини 10.005 евра.
Во 2009 година, цените на недвижен имот во Париз достигнаа 9,610 евра за квадратен метар, што претставува пораст од 62,5 отсто за 10 години и осум проценти за една година.
Според истражувањето, повеќе од 51 отсто од купувачите на недвижен имот се раководните кадри и професионалците, додека процентот на службеници и работници е 3,4, додека пред десет години бил 16,5.
Просечната големина на купените станови изнесува 48,3 квадратни метри, додека пред една година изнесувал 49,6 квадратни метри.
Но, и покрај намалување на површината, просечниот износ на трансакција за еден стан во Париз никогаш не бил толку висок: 483.261 евра, речиси 30.000 евра повеќе од пред една година.