Стигна и првиот трејлер на долгоочекуваната биографска крими-драма „Ирецот“ (The Irishman), во која легендарните глумци Роберт де Ниро, Ал Пачино, Харви Кајтел и Џое Пеши повторно ќе ги гледаме во улоги на врвни мафијаши.
Приказната е базирана на книгата „Ги слушам боите“ (I Heard You Paint Houses) на авторот Чарлс Брендит, во која се раскажува за создавањето на синдикалниот водач Џими Хофа, претставена од аголот на неговиот наводен убиец, Ирецот Френк Ширан.
Филмот го режираше Мартин Скорсезе, а сценариото е на Стивен Зелијан.
Ова ќе биде најскапиот филм на Скорсезе досега, со оглед на тоа дека дејството е сместено во два периода, па ликовите што ги толкуваат Роберт де Ниро, Ал Пачино и Џое Пеши ќе мора да се подмладат за четириесетина години.
Де Ниро го игра ликот на Ширан, платен убиец што работи за мафијата. Тој најверојатно бил поврзан со убиството на Џими Хофа, кого го глуми Пачино.
Во филмот глумат и Ана Пакин, Реј Романо, Џек Хјустон, Стивен Грахам и многу други. Продукцијата е на „Нетфликс“, а премиерно ќе биде прикажан оваа есен.