Областа Гангнам во Сеул е корејска верзија на Тајмс сквер и е прва слободна зона за рекламирање на отворено во земјата. Тука се поставени гигантски дисплеи на ѕидовите на големите згради, кои создаваат електронски дисплеј 18 часа дневно. Една од најпознатите од овие згради е артиумот „Коекс“, со електронски дисплеј широк 80 метри и висок 23 метри. Овој масивен екран ја обвиткува зградата и ги прикажува содржините на корејскиот бран, оние што се однесуваат на јужнокорејската култура и кои добиваат глобална популарност уште од 1990-тите години. За овој екран, локално базираната дизајнерска компанија „Д стрикт“ создаде анаморфна илузиска проекција, праведно насловена „Бран“.
Датирајќи од ренесансата, анаморфна илузија или анаморфоза е искривена проекција што се открива себеси откако ќе заземете одредена гледна точка. „Д стрикт“ го искористи овој принцип за создавање на бранот што е проектиран на гигантските екрани, кој удирајќи во стаклото прави минувачите да имаат чувство дека ќе ги поклопи вистински бран. Едноставниот гест резултира во моќен експериментален проект што ги интегрира виртуелните содржини и дигиталната технологија во нашата изградена околина.
Дефинитивно, иако не е за оние со слабо срце, овој бран е импресивен и по своите технички карактеристики, како и по своето влијание. Успешно го предизвикува чувството дека силата на водата во секој момент ќе го скрши стаклото и ќе ги поплави празните улици, кои, патем, се празни поради пандемијата. И доколку ова не е доволно воодушевувачко, инсталацијата е дополнета со аудио, кое комплетно ве вклучува во искуството.