Заради здравјето на вработените, во една продавница во Велика Британија нема да се пуштаат модерни божиќни хитови.
Менаџерката на продавницата, Ема Годивала, смета дека модерните божиќни хитови би можеле да им ги расипат празниците на вработените затоа што ќе бидат принудени да ги слушаат секој ден за време на работното време од осум часа.
Годивала верува дека и купувачите ќе бидат среќни поради промената затоа што повеќето трговци на мало веќе почнале да ги објавуваат вообичаените божиќни хитови, пренесуваат британските медиуми.
Таа исто така смета дека таквата модерна музика се чини дека во никој случај не е погодна за продавница сместена во зграда од 16 век од времето на тудорите.
– Ако Мараја Кери се појави во нашата продавница, на пример, тогаш ние би направиле исклучок, ќе ја игнорираме забраната и кратко ќе ја пуштиме „All I Want For Christmas is You“. Но тоа не значи дека нема да има божиќна атмосфера во продавницата. Ќе пуштаме музика од „Оревокршачка“ во изведба на Бинг Крозби, Френк Синатра и Ела Фицџералд – вели таа.