Вооружени лица од Аргентина украле десетици илјади Панини сликички од претстојното Светско фудбалско првенство во Русија, соопшти полицијата.
Петмина мажи упаднале во печатницата Мунро во предградие на Буенос Аирес, и заканувајќи се со оружје ги натерале вработените да внесат десетици кутии со сликички во нивниот камион.
Секоја кутија содржела по илјада ќесички со по пет слики од фудбалерите од репрезентациите учеснички на натпреварувањето.