Компанијата „Волт Дизни“ отпушта 28.000 работници во САД поради пандемијата на коронавирус. Укинувањата на работните места се однесуваат најмногу во тематските паркови на компанијата, крузерите и трговијата на мало, се вели во соопштението од компанијата. Според соопштението 67 проценти од отпуштените ќе бидат со скратено работно време. „Дизни“ им нуди на работниците бенефиции за технолошкиот вишок, вклучително и 90 дена за барање работа, пренесува Си-ен-ен.
Повеќе од 100.000 луѓе биле вработени во тематските забавни паркови на „Дизни“ пред пандемијата. Профитот на компанијата опаднал за 91 отсто во текот на првите три месеци од 2020 година.
Џош Д’Амаро, менаџер на Дизни Паркови, во својата изјава вели дека намалувањето на бројот на вработени е потребно заради „продолженото влијание“ на коронавирусот врз бизнисот. Тоа вклучува „ограничен капацитет поради барањата за физичко растојание и континуираната несигурност во однос на времетраењето на пандемијата“.
– Колку и да е тешка оваа одлука денес, ние веруваме дека чекорите што ги преземаме ќе ни овозможат да се појави поеконски оправдана и поефикасна операција кога ќе се вратиме во нормала – додава Д’Амаро во изјавата.