Јапонска железничка компанија им се извини на патниците, откако воз ја напуштил станицата 25 секунди порано од предвиденото, што е втор таков случај за неколку месеци.
Операторот соопшти дека непријатноста која патниците ја претрпеле е навистина неоправдана.
Претходниот случај кога возот не тргнал во предвиденото време бил во ноември минатата година. Тогаш возот ја напуштил станицата 20 секунди порано.
Според јапонските медиуми, кондуктерот мислел дека возот треба да ја напушти станицата Нотогава во 7 часот и 11 миниут, наместо, како што било планирано во 7 и 12 минути.
По затворање на вратите една минута пред планираното, тој сфатил дека погрешил и дека може ја поправи „срамната“ случка. Меѓутоа, на платформата немало ниту еден патник, па тој сепак одлучил возот да тргне дури 25 секунди порано.
Јапонските возови имаат репутација за екстремно точни. И во овој случај се покажало дека навистина имало луѓе кои очекувале да го фатат возот.
Откако останале на платформата и им заминал возот, тие му се пожалиле на операторот. Официјално извинување било објавено неколку часа потоа.