Тим од германскиот Институтот за технологија на производство и напредни материјали „Фраунхофер“ ја пронашол и развил т.н. „водородна паста“, која може полесна да се користи, особено кај помалите возила. Оваа „водородна паста“ има слични карактеристики како бензинот и се смета дека може да направи револуција во транспортната индустрија.
Бидејќи разорните потенцијални влијанија на климатските промени стануваат се поочигледни, многумина ги напуштаат фосилните горива за напојување своите возила и бараат алтернативи.
Одговорот може да лежи во индустријата за водород, за која се предвидува дека би можела да генерира приход од 2,5 илјади милијарди долари до 2050 година и да обезбеди конкуренција на електричните автомобили на Илон Маск, произведени од „Тесла“.
Во 2018 година, францускиот стартап „Прагма индустрис“ започнал со продажба на велосипеди на водород. Сепак, тие беа прескапи за потрошувачкиот пазар со цена од преку девет илјади долари по велосипед и 36 илјади долари за станица за полнење.
Водородната паста, позната како „Пауерпејст“, може да биде решение, како супстанца создадена врз основа на магнезиум и складирана во возилото во форма на кертриџ. Сè што возачите треба да сторат за да наполнат гориво, е да го заменат стариот кертриџ за нов и да го наполнат резервоарот со вода.
– Пауерпејст“ складира водород во хемиска форма на собна температура и атмосферски притисок за потоа да се ослободи по потреба – објаснил Маркус Вогт, соработник за истражување на институтот во соопштението за јавноста.
Бидејќи пастата почнува да се распаѓа само на температури од околу 249 Целзиусови степени, истражувачите велат дека возачите не треба да се грижат дали ќе ги остават своите возила надвор на жешкото сонце.
– Пауерпејст“ има огромна густина на складирање на енергија. Таа е значително поголма од онаа на резервоарот за висок притисок од 700 бари. И во споредба со батериите, таа има десет пати поголема густина на складирање на енергија – изјавил Вогт.
Истражувачите исто така истакнаа дека опсегот на паста може да се спореди со бензинот, па дури и да го надмине. Тие сугерираат дека ова може да го направи одржлива опција за автомобили или во преносни горивни ќелии за кампување и може значително да ги прошири можностите за употреба на беспилотните летала.
Индустријата за водород се чини дека значително ќе напредува во наредните години. Џеф Безос и Бил Гејтс веќе го поддржаа стартапот „Зироејвија“, кој развива летови на водород.
Во 2016 година, Германија инвестирала 265 милиони долари во автомобили со водород, а со порастот на одржливи алтернативи, сега и другите земји може да го следат нејзиниот пример.
Институтот сега гради пилот-фабрика во Проектниот центар „Фраунхофер“ за складирање и системи на енергија во германскиот град Брауншвајг.