Вселената е големо место, богато со ресурси и неистражени простори. Па така, луѓето отсекогаш посакувале да можат да ја напуштат планетата Земја и да влезат во просторот кој нуди бескрајни можности за проширување на човештвото, пишуваат од „Бизнис инсајдер“.
Од сите луѓе кои нудат идеи за тоа како да се постапи во однос на ова прашање и што да се прави во вселената, гласовите на двајцата милијардери Илон Маск и Џеф Безос се најчести и најгласни.
Технолошкиот магнат Маск, кој ја создаде компанијата за електрични автомобили „Тесла“ и ја основаше „Спејс екс“ (компанија за ракети која сега има вредност од 33 милијарди долари), сака да создаде траен, самоодржувачки град на Марс.
Во меѓувреме, Безос, кој е основач и извршен директор на компанијата „Амазон“, има своја сопствена вселенска компанија со името „Блу ориџин“. Работата на неговата вселенска копанија досега се фокусира на изградба на „пат до вселената“ со нови ракети, кој потенцијално може да создаде можност за испраќање на колонии во вселената.
Двете грандиозни идеи значително се разликуваат, и двајцата милијардери честопати потсетуваат за нивните детали. Но, не е неазмисливо во иднина двете компании да соработуваат и да работат за човештвото да стигне во вселената, завршуваат од „Бизнис инсајдер“.