Роден во 1934 година, Франко Мањани пораснал во областа Понтито, Италија. Како голем број места во тој период, неговото село исто така било уништено од нацистите за време на Втората светска војна. Откако работел како столар, а потоа како готвач, Мањани емигрирал во Сан Франциско во неговите тиресетти години.
Набргу по неговата преселба, тој се разболел од мистериозна болест, од која добивал делирични халуцинации за неговото родно место. Кога се опоравил, Мањани открил дека развил исклучителна способност да нацрта сѐ од неговата меморија, особено сцени од неговиот ран живот во Понтито.
Тој сликал сцени од Понтито и од ридовите на Тоскана од 1965 година. Неговите платна се исполнети со камени згради и сводови, пејзажи и антички урнатини на неговото родно место и околината. Мањани користи сетилна меморија, која кодира визуелни информации, но сетилните сеќавања обично се краткорочни. Во 1988 година, делата на Мањани беа изложени во Сан Франциско, како дел од изложбата наречена „Меморија“. Оваа изложба била поделена на 8 дела, фокусирана на сетилата, сеќавањата, заборавањето, несвесна меморија, работата на мозокот и автобиографската меморија.
Иако Магнани не го видел својот роден крај речиси 30 години, тој создал уметнички дела со „речиси фотографска прецизност“. За изложбата, Сузан Шварценберг отпатувала во Понтито и ги фотографирала сцените од точните агли од кои Мањани ги насликал. Овие фотографии потоа беа прикажани до сликите за споредба и анализа вештините на меморијата на Мањани.
– Болеста на Мањани била проследена со кошмари со висока температура, а имал и напади. За време на тие напади тој го гледал Понтито како што областа изгледала пред доаѓањето на нацистите. Тој понекогаш ги нарекувал ваквите соништа „визии“. Од визиите, Мањани можел да гледа како тродимензионален модел на Понтито се издига пред него, а тој потоа точно можел да го наслика и визуелно да се движи – објаснува Оливер Сакс, невролог.
Неговите дела покажуваат и несовршености на меморијата. Иако неговите слики се исклучително точни, сè уште има некои тесни улици, различни текстури и мали измени во насликаните сцени на Понтито. Понекогаш има и додадени згради и предмети. Мањани „не ја користи само својата меморија, туку и еден вид на проективна имагинација за да го движи неговиот ум низ областа“. Сепак, Магнани ги насликал своите најдобри слики без никогаш да се врати во родниот крај откако се преселил во Сан Франциско, и тие сè уште изгледаат доста реално. Ваквата способност на Мањани му го донесе прекарот „Уметник на меморијата“