Меѓу холивудските ѕвезди кои живеат во најскапи вили се Елен Деџенерис и нејзината сопруга Порша де Роси, како и Рајан Сикрест, но престолот и припадна на „кралицата на ток-шоуата“ – Опра Винфри.
Имено, таа живее во палата со вкупна вредност од 85 – 90 милиони долари, која се протега на 23.000 метри квадратни.
Куќата има шест спални соби, 16 бањи, базен, соба за чај, терен за тенис, две домашни кина, подрум со вино и многу други соби за рекреација и опуштање.