Илон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“.
Тој откри дека ја има оваа состојба, што е форма на аутизам, објаснувајќи дека има потешкотии да ги натера луѓето да веруваат дека мисли на она што го зборува.
– Одлично е да се биде домаќин на „Saturday Night Live“, и навистина го мислам тоа. Понекогаш откако ќе кажам нешто, морам да кажам дека го мислам тоа“ рече во својот воведен говор 49-годишниот извршен директор на компанијата „Тесла“, основачот на „СпејсИкс“ (SpaceX) и еден од најбогатите луѓе во светот.
Тој, како образложение, додаде дека е првиот човек на Аспергер што ја водел емисијата, или барем првиот што го призна тоа – се пошегува Маск.
Се смета дека е првпат бизнисменот јавно да каже дека има состојба на аутистичен спектар.
Познато е дека на луѓето со Аспергеров синдром може да им биде потешко особено разбирањето и однесувањето на другите луѓе и да учествуваат во секојдневното – семејство, училиште, работа и социјален живот.