Постојат уште многу нешта кои не се откриени на планетата. На таков пример наиде фотографот Кристијан Лајн кој нуркаше на брегот на Австралија, правејќи подоводни фотографии. Кристијан наиде на нешто толку невообичаено што првично мислеше дека неговата камера е скршена.
Лајн фотографираше група на раи од видот манта забележа дека едната се разликува од останатите, најчесто овие подводни суштества се црни на грбот и бели одоздола. Но, оваа манта беше розова. Кристијан Лајн ја забележал розовата боја, се збунил и мислел дека неговата камера е нефункционална. Лајн не знаел дека мантите можат да имаат розова боја, но откако проверил дека навистина е така направил неколку фотографии на оваа величествена манта.
Подводниот фотограф имал средба со ретка розова манта, позната под прекарот инспектор Клузо, детективот од серијалот на филмови Пинк Пантер. Според „Нешнл џиографик“, оваа манта за првпат била забележана во 2015 година и се верува дека таа е единствената розова манта во светот. Во текот на пет години не е видена повеќе од 10 пати.