Периодов нашиот свет се менува. Но затворени во своите домови не смееме да им се препуштиме на малодушноста, мрзоволноста и на депресијата. Еве неколку вежби што ќе ви помогнат да останете во добра физичка кондиција и ќе го подобрат вашето ментално здравје, кога движењето на извесен начин ни е ограничено.
Странично истегнување: странично истегнете се и задржете ги колковите високо, без пропаѓање. Оваа позиција задржете ја во две серии по 15 секунди на секоја страна.
Клекнување: во текот на вежбата обидете се да не туркате со колениците премногу напред и да не дозволите да одат навнатре. Вежбата изведете ја со умерено темпо, во две серии, по 8 повторувања.
Склекови: потпирајќи се на подлактиците, активирајте ги мускулите на задниот дел на телото и задржете ја наведената позиција во две серии од по 30 секунди.
Мал мост: кога лежите на грб, нозете свиткајте ги во зглобот на коленото под агол од 90 степени, рацете испружете ги покрај телото и стиснете ги дланките. Од оваа позиција потиснете ги колковите нагоре и активирајте ги мускулите на задникот. Вежбата повторете ја 10 пати.