Трибјут-бендот „Брит флојд“, според најавите, на 14 ноември ќе приреди спектакулано шоу во ВИП-арената „Борис Трајквоски“ во Скопје.
Демијан Дарлингтон, кој е основач на овој бенд, вели дека продукцијата за овој мегаконцерт е вредна милион долари.
– На денот на одржувањето во ВИП-арената во Скопје ќе бидат поставени околу 100 светла, ласери, како и препознатливиот тркалезен круг, а сето тоа ќе биде синхронизирано со специјална видеоанимација, која ќе ја има во текот на целото шоу – известуваат од продукцијата „Авалон“.
Концертот на „Брит флојд“ во Скопје, кој е во рамките на турнејата „Тhe Eclipse world tour“, ќе трае два и пол часа, а членовите на бендот, деветмина на број, ќе го претстават најдоброто од еден од највлијателните рок-бендови на светот на сите времиња.