Жителите на босанското село Подгора истакнаа транспаренти на влезот во селото преку кои им порачуваат на политичарите дека не се добредојдени.
„Нè лажете со години. Ниту една партија не е добредојдена“, „Прочитавте ли, на народот му е доста“, пишува на транспарентите, поставени во пресрет на општите избори во државата кои треба да се одржат во недела, објави Франс-прес.
Селото Подгора се наоѓа во близина на Сараево и има околу 700 жители.