Боливуд синоќа ја одложи церемонијата за доделување на своите „оскари“ на Меѓународната индиска филмска академија ИИФА поради ширењето на коронавирусот.
Организаторите на најголемата церемонија на наградите во индиската кинематографија објавија дека морале да го одложат тридневниот настан во Индоре закажан на 27 март, заради чувствителноста на здравствена криза.
Најголемите имиња во Боливуд како Салман Кан и Катрина Каиф, требаше да присуствуваат на гала церемонијата, каде Гули Бој – меѓународниот хит за мумбајскиот рапер беше фаворит за престижните награди.
Организаторите во соопштението додават дека плановите и новиот датум ќе го објават набргу.
Со скоро 1.800 наслови објавени во 2018 година, Индија е најголемата светска филмска индустрија во однос на продукција на филмови и е голем извозник.