Ирачкиот владин кабинет го одобри законот со кој 25 декември, односно Божиќ ќе стане национален празник на целата територија на државата, пренесува Си-ен-ен. Според изјавата на владата на Ирак, Христовото раѓање, како секаде во светот, така и во оваа земја ќе се смета како ден за прослава.
Владата на оваа земја изгласа амандмани за законите на националните празници и сега Божиќ ќе биде празник на сите ирачани и тоа не само за христијанската заедница во земјата, како што е со декади.
– Среќен Божиќ на сите наши христјански граѓани и сите ирачани кои слават во сите земји во светот – напиша официјалниот профил на владата на Ирак на Твитер.
We extend our warmest wishes to Christians in Iraq and around the world for a very happy and peaceful Christmas. pic.twitter.com/eqOR2JJ0LS
— Government of Iraq – الحكومة العراقية (@IraqiGovt) December 25, 2018
Пред инвазијата на САД во Ирак во 2003 година, се проценува дека на територијата на оваа земја во Блискиот исток имало околку 1,4 милиони христијани. Но, во моментов се смета дека бројката е спуштена на околку 300 илјади, откако илјадници луѓе го напуштија Ирак поради насилство и бројните вооружени конфликти во последните декади.
Во изминатите години, подемот на ИСИС во Ирак принуди голем број на Христијани да ја напуштат земјата поради тоа што тие се соочуваа со закани по својот живот. Во 2016 година, во христијанскиот град Бартела се славеше Божиќ две години по ред по ослободувањето на градот од терористите на Исламска држава.