Божиќните подароци на војвотката од Кембриџ Кејт и на принцот Вилијам за Меган Маркл и за принцот Хари се во опасност да не стасаат на навреме по избувнувањето на новата варијанта на ковид-19 на југот на Англија, пренесува „Експрес“.
Војводата и војвотката од Кембриџ, наводно ги испратиле своите подароци до Меган Маркл и до принцот Хари, кои Божиќ ќе го поминат во Калифорнија. По избувнувањето на новиот вид на ковид-19 во Англија, многу земји воведоа ограничувања за Велика Британија, што доведе до хаос во работата на фирмите за доставување на поштенските пратки, со приближувањето на Божиќ.
Според магазинот „ Пипл “, кралскиот пар Меган Маркл и принцот Хари си разменуваат подароци со Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.
– Кралските семејства си ги праќаат своите празнични подароци едни на други, бидејќи ќе бидат разделени поради пандемијата на ковид-19. Плановите за празниците на Кејт и на Вилијам не се објавени по откажувањето на божиќниот собир на кралските семејства на имотот на Сандрингем – пишува „Пипл“.