Славните личности што сега се извинуваат поради користење на расистичкиот скеч за смеа, немаа претстава колку навистина им е жал
Џорџ Флојд не почина за Тина Феј конечно да признае дека практиката на т.н. „блекфејс“ (термин што се употребува кога белци ги бојадисуваат своите лица во потемна или целосно црна боја – н.з.) е погрешна, пишува „Бостон глоуб“.
Ниту пак, неговото грозоморно убиство под коленото на полицаецот од Минеаполис требаше да биде повод за Џими Фелон да признае, по 20 долги години, дека неговиот „блекјефс“ беше „несомнено навредлив“.
Препуштете им на белите славни личности да изнајдат начин да го свртат вниманието од движењето „Црните животи значат“ кон нивното жалење.
Водителот на ток-шоуто на Еј-би-си, Џими Кимел, е последниот бел комичар кој во изминатите неколку недели се извини за употребата на „блекфејс“, расистичката практика која потекнува уште пред граѓанската војна.
Во САД, незнаењето и игнорирањето се привилегија и многумина белци ги носат како штит. „Не знаев“ не значи и простување. Појавата на „Блекфејс“ не стана нечувствителна или грда минатиот месец, а обидот на Феј за „ироничен расизам“ кој се однесува на помалку расистички теми, не е ништо помалку расистички.
Феј, Фалон и Кимел имаа години, дури и децении да се извинат. Тие не го сторија тоа. Истото се однесува на продуцентите на ТВ-серијата „Стажисти“ чие емитување заврши во 2010 година, по девет сезони, а кои дури сега одлучија да отстранат три епизоди во кои актерите се појавуваат со бојадисано лице.
Како и ветеното отстранување на расистичките рекламни симболи, ова е панична реакција на невообичаен момент. Смртта на Флојд заедно со зголемената национална осуда на убиството на Бреона Тејлор од полицијата и убиството од омраза на Ахмад Арбери, го привлекоа вниманието кон сите пипци на расизмот – од полицијата до поп-културата. Ова ја вклучува и појавата на „блекфејс“.
На веб-страницата на Националниот музеј на афроамериканската историја и култура, во есеј на тема на „блекфејс“ се наведува „во секоја прилика, оние кои се соочуваат со осуда поради бојадисување на лицето инсистираат дека немале лоша намера или расна нетрпеливост. Очекуваат да поверуваме во тоа. Феј жали, Кимел жали, Фелон жали и уште многумина ќе жалат. Тие, главно жалат, бидејќи најпосле се повикуваат на одговорност. Со последните извинувања, натрупани врз телата на црномурестите луѓе, ние најпосле гледаме колку навистина им е жал на овие т.н. комичари.