Би-Би-Си денеска понуди извинување за интервјуто со принцезата Дајана, кое беше емитувано во 1995 година, по истрагата што доведе до заклучок дека Би-Би-Си не успеала да постигне високи стандарди на интегритет, поради начинот на кој ја убедила принцезата Дајана на тоа интервју.
Исто така, утврдена е вина кај новинарот Мартин Башир за измама, бидејќи истрагата открила дека Башир го убедил братот на Дијана, Чарлс Спенсер, да му го претстави на својата сестра покажувајќи му лажни банкарски изјави, објави „Ројтерс“.
– Би-Би-Си не може да го врати часовникот по четвртина век, но може да се извини целосно и безусловно. Би-Би-Си го нуди тоа денеска – рече генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви.