Поп ѕвездата Бијонсе доби девет номинации за следните награди „греми“. Меѓу нив е и номинацијата за песна на годината, пренесуваат светските медиуми.
Бијонсе има веќе освои на 24 награди „греми“ а со 79 номинации станува втора најноминирана ѕвезда во историјата на наградите. Таа е во друштво со Пол Макартни, кој годинава е номиниран за најдобро специјално ограничено издание.
Бијонсе е зад нејзиниот сопруг Џеј Зи и Квинси Џонс, бидејќи и двајцата имаат по 80 номинации. Џеј Зи освои три номинации оваа година за неговиот придонес во песните на Бијонсе. Тој е коавтор на песната „Black Parade“,и „Savage“, за што е номиниран за песна на годината, најдобра песна за ар-ен-би и најдобра рап песна.
Британската пејачка Дуа Липа, Тејлор Свифт и раперот Роди Рич имаат по шест номинации на 63-то издание на наградите „греми“. Добитниците ќе бидат објавени на 31 јануари следната година.
Свифт и Липа се натпреваруваат за најважната награда „ албум на годината“ во кокуренција на Пост Мелоун, Колдплеј, Хаим, Џејкоб Колиер, Блек Пума и ар-ен-би пејачка Џене Аико.
Бијонсе е меѓу номинираните главно поради песната „Black Parade“, која ја слави црнечката култура и активизмот, а беше пуштена за време на протестите против системскиот расизам и полициската бруталност против Афроамериканците. „Black Parade“ ќе се натпреварува за песна и за спот на годината, заедно со „Don’t Start Now“ на Дуа Липа.
Албумот на Тејлор Свифт – „Фолклор“ е номиниран за албум на годината, а музичката нумера од истиот албум „Cardigan“ за песна на годината. Во категоријата најдобар нов изведувач се најдоа раперите Меган ди Сталион и Доџа Кет, како и алтернативната уметница Фиби Бриџерс.