Биткоинот продолжи да расте и ги надокнади речиси сите загуби од петокот, кога криптовалутата „потона” за повеќе од осум проценти.
Во петокот, најпознатата криптовалута изгуби речиси илјада долари на вредноста за помалку од еден ден. Биткоинот се искачи на најновата висока вредност оваа година во вторникот, кога достигна 8,3 илјади американски долари, пред да настапи турбулентниот период на тргување кон крајот на неделата.