Американскиот актер Били Боб Торнтон ги откри причините за разделбата со една од најубавите актерки во Холивуд, Анџелина Џоли. Торнтон потсети дека двајцата со Џоли биле сметани за најзаљубениот пар на Холивуд – исти тетоважи, страсни бакнежи на црвениот тепих.
Според него, во реалноста односите им биле доста помирни отколку што ги претставувале во медиумите. А причина за разделбата била жедта за внимание, што неговата тогашна сопруга не престанувала да ја манифестира.
– Таа е отворена личност, а јас сум агорафоб. Тоа практично е единствената причина поради која веќе не сме заедно- признава актерот.
Тортон забележува дека годините што ги поминал со Џоли се најзабележливи во неговиот живот. Според неговите зборови, тој сè уште одржува пријателски однос со холивудската убавица.
Били Боб Торнтон и Анџелина Џоли се запознаа на филмски сет во 1999 година. Една година подоцна, двајцата решија да го легализираат својот однос. Во 2003 година, актерите се разведоа.