Поп-ѕвездата Били Ајлиш се извини откако се појавија видеозаписи на кои пејачката изговара расно навредливи пцости и се подбива со акцентот. Во изјавата на нејзиниот профил на Инстаграм, повеќекратната добитничка на „греми“ вели дека е вчудовидена од своето однесување на видеото кога имала 13 или 14 години, објави „Ројтерс“.
Пејачката, која сега има 19 години, додала дека е загрозена и засрамена од своето тогашно однесување и дека ќе се потруди никогаш повеќе да не изговори такво нешто.
– Во оваа песна од видеото првпат го слушнав тој грд збор, бидејќи никој во моето семејство дотогаш не го изговорил. Без оглед на моето незнаење и годините, ништо не го оправдува фактот дека тоа е навредливо. Затоа ми е многу жал – вели Били Ајлиш.
Уште едно видео што овој месец се појави на социјалната мрежи Тик-ток, за кое е обвинета дека се подбива со акцентот, е она на кое таа зборува, како што и самата изјави, „со глупав, измислен глас“.
– Тоа на никаков начин не е имитација на некој друг јазик, акцент и култура. Секој што ме познава, знае дека цел живот си играм со мојот глас. Без оглед на тоа како е сѐ протолкувано, оваа моја постапка не му наштети никому – изјави Били.
По низата напади на азиските Американци на почетокот на пандемијата на ковид-19, американскиот претседател Џо Бајден минатиот месец потпиша закон за злосторства поради омраза на ковид-19.
– Означена сум со нешто што не сум – тврди Ајлиш, додавајќи дека на видеоснимката се обраќа откако обожавателите ја замолиле.