Законите и правилата насекаде низ светот се различни, а понекогаш тие се чудни и бизарни. Честопати таквите закони и правила можат да ги доведат туристите што патуваат низ државите во многу непријатна ситуација, па дури и да завршат во затвор. Затоа е многу важно пред да посетите некоја странска земја да се запознаете со сето она што смеете или не смеете да го направите.
1. Напојница во Јапонија
Можеби не е задолжително да се остави напојница во Јапонија, но во некои случаи се смета за исклучително непристојно. Дури можете да видите дека на крајот на сметката пишува дека таа е платена во целост, така што не е потребно да се остава никаква напојница.
2. Допирање личност од спротивниот пол во Индија
Во Индија се смета за исклучително непристојно ако допрете личност од спротивниот пол во јавност.
3. Фотографирање без дозвола во Обединетите Арапски Емирати
Според сајбер-законите во оваа земја, ова се смета за кривично дело. За прекршување на овој закон, можете да завршите шест месеци во затвор и ќе треба да платите казна од 136.000 долари. Ова особено важи ако потоа ја објавите фотографијата на социјалните мрежи.
4. Правење на знакот ОК со рацете во Турција
Овој потег во Турција е ист како некому да сте му покажеле среден прст. Истото правило важи и за Германија и за Бразил.
5. Забрането е да останете без гориво
Ако ви се потроши горивото на автопат во Германија, може да се соочите со голема парична казна. Дури и доколку помислите да отидете пешки до бензинска пумпа, ќе добиете уште една казна за тоа!
6. Нелегално е да се оди со потпетици
Во 2009 година, Грците донесоа закон со кој се забранува одење со потпетици на Акропол, поради тоа што нема цврста подлога на Партенон. Забраната е воведена за да се заштитат урнатините стари 2.500 години од оштетување, кое може да го предизвикаат чевлите со високи потпетици.
7. Забрането е носење маскирна униформа
Која било маскирна облека оставете си ја дома кога се упатувате кон Карибите и островските држави, вклучувајќи ги и Барбадос, Св. Винсент, Св. Лусија, Антигва, Барбуда и Јамајка. Маскирната облека може да ја носи само воениот персонал во овие земји.
8. Забрането е правење самослик со статуа на Буда
Кога се сликате со Буда, внимавајте да не му свртите грб. Овој знак на нечесност се казнува со затвор во Шри Ланка. Исто така, се смета за непристојно да се насочи прстот кон Буда, а на некои места постојат и забрани за фотографирање со статуи на Буда.
9. Забрането е носење маски
Таков закон постои во Данска. Не само маски, данската влада сака да спречи какво било покривање на лицето на јавни места. Тука спаѓаат разни маски, шлемови, шалови, капи, лажна брада, па дури и бурки. Контроверзната забрана стапи во сила во август 2018 година.
10. Забрането е да шетате полуголи
Во обид да ги задржат улиците на Барселона ослободени од бикини и мажи без ракави, законодавците воведоа забрана за шетање низ градот топлес или по костим за капење, освен на плажа или на базен. Полуголата прошетка може да ве чини парична казна од 260 евра.
11. Забрането е сечење кактуси
Барем во Аризона, затоа што е нелегално да се сече кактус. Прекршителите што ќе го сторат тоа може да бидат осудени на 25 години затвор. Ова воопшто не е забавно.
12. Забрането е да имате повеќе од 50 килограми компири
Ова е максимално количество компири што може да ја поседувате во Западна Австралија. Нешто над 50 килограми се смета за нелегално, а регулаторите можат да преземат строги мерки против оној што има повеќе од 50 килограми.
13. Поседување сателитска антена во Малезија
Доколку жителите на оваа земја дома имаат сателитска антена што им овозможува да гледаат странски канали, тие можат да бидат казнети со парична казна и до 100.000 долари и две години затвор.