Принцот Чарлс го одликуваше со титула витез највозрасниот и воедно единствен жив член на групата „Би џис“ (Bee Gees), Бери Гиб.
На свеченоста во Бакингемската палата Гиб изјави дека се надева дека неговите покојни браќа Робин и Морис, преостанатите двајца членови на триото, се гордеат со него.
– Да не беа моите браќа, јас немаше да бидам тука – наведе Бери Гиб, откако принцот Чарлс му ја врачи титулата.
Тој нагласи дека за него ова претставува голема награда и дека е многу горд поради тоа. Морис Гиб почина во 2003 година, а Робин во 2012 година.
Триото „Би џис“ врвот на светската слава го достигна во 70-те години на минатиот век со хитови како „How Deep is Your Love“, „Stay in Alive“, „Tragedy“.