Како бомба одекна веста во британските, па и во светските медиуми дека Бекамови со месеци криеле дека се заразени со коронавирус. Наводно, брачната двојка Бекам се заразила на 1 март, додека била во САД, а по враќањето во Велика Британија, Дејвид ги почувствувал првите симптоми, а потоа и Викторија.
По враќањето во Англија, тие одлучиле да го прослават 21-от роденден на нивниот син Бруклин, на кој присуствувале многу гости, а многумина од нив ја напуштиле прославата заразени, пренесуваат британските медиуми.
– Тоа беше вистински кошмар. Дејвид отиде во Америка поради неговите обврски во клубот, а Викторија и неговото семејство отидоа со него. Тие беа на неколку настани, каде што Дејвид имаше промотивни должности, се ракуваше и се бакнуваше со навивачите на клубот – изјави близок пријател на двојката за странските медиуми.
Дејвид и Викторија имале болки во грлото и треска.
– Истовремено и неколку нивни вработени ги почувствувале истите симптоми. Викторија, во паника, нареди целото семејство да биде ставено во карантин повеќе од две недели, бидејќи се плашеше дека ќе го рашират вирусот и ќе заразат други – додаде пријателот на Бекамови.
Семејството Бекам одби да ги коментира обвинувањата во врска со нивната наводна зараза со коронавирус.