Пол Бурел, поранешен батлер на трагично загинатата принцеза Дијана, објави досега невидено писмо, во кое таа отворено изразува безусловна љубов кон нејзините синови, принцот Хари и Вилијам. Бурел, кој и служеше на принцезата 10 години, се до нејзината смрт, објави на Инстаграм дел од писмото на Дијана.
Пол објавил црно-бела фотографија од принцезата Дијана и нејзините синови Вилијам и Хари додека биле момчиња, а во пораката се ставени делови од писмото, што таа му го испратила, а никогаш досега не било јавно видено.
Додека Хари, Меган и Арчи тргнуваат во нов живот, се потсетив на зборовите што принцезата Дијана ми ги напиша пред неколку години. Ова се зборови на мајчинска безусловна љубов, што се соодветни и за денес ,како што беа кога таа ги напиша пред повеќе од 24 години, истакнува Бурел.
– Јас ги сакам моите момчиња до смрт и се надевам дека семето што го засадив ќе расте и ќе им донесе сила, знаење и стабилност што им се потребни – напишалa Дијана.
Бурел прво служеше на кралицата Елизабета Втора, а потоа на принцезата Дијана, сè до нејзината трагична смрт во 1997 година. Тој стана славен со бројните мемоари за животот со кралското семејство, како и гостувањата во телевизиските емисии каде што зборуваше за Дијана, но и ги анализира односите на кралското семејство.
Тој во повеќе наврати изјавил дека се плаши дека Меган би можела да заврши како Дијана, бидејќи и на неа „се спроведува медиумски линч, кој за Дијана беше смртоносен во 1997 година“.
– Бакингемската палата е минско поле за секое лице кое влегува таму за првпат. Луѓето поставуваат стапици и не се многу добри за оваа млада девојка што доаѓа во овој свет. Кој би сакал да биде дел од тоа семејство – изјавил еднаш Бурел.