Хероината на македонскиот филм „Медена земја“, кој беше номиниран за „оскар“ во категоријата за најдобар документарец и најдобар интернационален филм, на денешната прес-конференција реализирана со видеоприклучување на екипата од Холивуд, порача дека ова искуство е незаборавно, а таа понатаму не би сакала повторно да снима филм, но би сакала да пее.
– Од Лос Анџелес најмногу ми се допадна тоа што има океан. Најмногу ја сакам природата, и едвај чекам да се вратам кај моите пчели дома. Никаде на светот нема таков мед како во Македонија. Инаку, не сакам да глумам, но сакам да продолжам да пеам – рече Атиџе Муратова, главната протагонистка на филмот.
Таа, утре патува назад кон Македонија и рече дека сака да се одмори од јавноста и не сака повеќе да дава интервјуа.