Мајк Мејор и неговиот колега, двајцата добитници на Нобеловa награда, Дидиер Квелоз, ја откриле во 1995 година првата егзопланета, која има сличен потенцијал со развојот на животот на Земјата.
Тие пресметале дека таа е на исто растојание како и Земјата, дека има своја ѕвезда и дека најверојатно има вода на неа.
Но, Мејор вели дека полагањето надеж во свет надвор од нашиот Сончев систем е „глупава идеја“.
– Ако зборуваме за егзопланети, работите треба да бидат јасни: ние нема да мигрираме таму. Овие планети се премногу далеку – рече тој за агенцијата Франс-прес.
Добитникот на Нобелова награда по астрофизика смета дека човештвото треба да се фокусира на решавање проблеми на планетата Земја.
– Ние мора да се грижиме за нашата планета – вели тој.
Климатските промени се забрзуваат со зголемувањето на нивото на јаглерод диоксид, со зголемувањето на нивото на морето, а глечерите се топат побрзо од кога било, предупредуваат експертите. Ова мислење доаѓа од Светската метеоролошка организација, која учествуваше на Самитот на ООН за климатски промени.