Астероид со дијаметар од околу 900 метри помина на два милиони километри од Земјата, објави американската вселенска агенција НАСА.
Растојанието на астероидот било петпати поголемо од растојанието Земја-Месечина, но доволно блиску за да може да се смета за потенцијално опасно.
Астероидот 2001 ФО32 беше најблиску до Земјата вчера околу 14 часот по Гринич.
Според НАСА, астероидот се движел со брзина од 124.000 километри на час.
Проучување на астероиди и комети кои се приближуваат до Земјата им овозможува на научниците подобро разбирање за Сончевиот систем.