Тој беше последен откриен и поради тешките услови за живот на толку ниски температури никогаш не бил населен со луѓе. Тоа се промени од средината на минатиот век, кога некои земји во светот ги изградија своите истражувачки станици на овој континент.
Луѓето што денес го посетуваат Антарктикот обично се оние што треба да завршат некоја работа на овој континент, но од неодамна и туристите можат да го сторат тоа, под услов да одвојат значителни финансиски средства за оваа авантура. И едните и другите оставија свој белег на Антарктикот. Прочитајте 10 интересни факти за ледениот континент исполнет со мистерии и феномени, кои изгледаат како магија.
1. Многу земји имаат свои аеродроми на Антарктикот, а некои дури користат области покриени со мраз и снег за своите писти.
2. За секоја нова година, во истражувачката станица „Мекмурдо“ се одржува музичкиот фестивал наречен „Ајкесток“.
3. Хевиметал-групата „Металика“ настапи на Антарктикот во 2013 година и со тоа стана единствениот бенд што имал концерт на сите седум континенти.
4. Истражувачката станица „Мекмурдо“ има своја куглана, која е изградена уште во 1961 година.
5. Превоз на луѓе од една до друга истражувачка станица е можен со помош на специјални автобуси.
6. Често се одржуваат маскенбали во станиците и базите на Антарктикот за време на празниците.
7. Верувале или не, еднаш годишно се одржува маратон на Антарктикот.
8. Истражувачите често нуркаат во водите на Антарктикот, а истото тоа понекогаш го прават заинтересирани туристи.
9. Хоророт „Јужно од разумот“ (2012) е првиот драмски филм снимен целосно на Антарктикот.
10. Антарктикот е една од најдобрите локации на нашата планета за пронаоѓање метеорити, пред сѐ поради студената и сува клима на овој континент.