Американското филмско студио „Ворнер брадрс“ ќе продуцира аниме-игран филм сместен во светот на популарните книги на трилогијата „Господарот на прстените“, соопштуваат од студиото.
„Господарот на прстените: Војната на Рохирим“ ќе ја раскаже приказната за легендарната битка што го обликуваше Меѓуземјето во годините пред настаните во филмот „Господарот на прстените“ од 2001 година, се вели во соопштението.
Новиот филм ќе ја истражува тврдината Хелмс Дип и ќе го прикаже животот на кралот на Рохан, Хелм Хамерхенд.