Епската авантура „Алита: Борбениот Ангел“, која е базирана на серија стрипови на јапонскиот уметник Јукито Киширо, премиерно почнува да се прикажува на 14 февруари во домашните кина.
Алита е филм за киборг, технолошки напреден организам во постапокалиптичниот свет. Во 2563 година на земјата, во Железниот Град заедно живеат луѓе и киборзи и само во тој град Алита ја наоѓа својата шанса за опстанок и можноста да го открие својот идентитет.
Долгогодишниот обожавател на стриповите на Кишироа, Роберт Родригез имаше желба сценариото за филмот да биде дело на творецот на револуционарниот 3Д филм „Аватар“, сценаристот Џејмс Камерун:
– Мечтаев да работам со него. Оригиналниот свет што го создава Киширо е перфектно спакуван во авантуристичката приказна на Камерун. Се идентификував со Алита, како и со сите останати ликови, а тоа е нешто што Џејмс го прави фантастично-рече Родригез.
Заедничкото остварување на сценаристот Џејмс Камерун и режисерот Роберт Родригез е снимано во посебна 3Д натив технологија.
Ликот на младата хероина Алита го игра Роза Салцар, канадската глумица со кубанско потекло, додека во останатите улоги се најдоа оскаровците Кристоф Волц, Џенифер Конели и Махершала Али.
Премирата е во четврток 14 февруари и во редовен репертоар во Синеплекс, кино Милениум Скопје и 3Д Кино Битола.