Има многу индиции дека Меган Маркл веќе бара агент во Лос Анџелес, со цел да ја продолжи својата актерска кариера, според пишувањето на канадските и американските медиуми.
Изворите се повикуваат на информации на порталот „И онлајн њуз“, според кои принцот Хари и сопругата Меган Маркл би можеле да се преселат во Лос Анџелес, недолго откако пристигнаа во Канада, каде што престојуваат во изминатите неколку недели.
Прицот Хари и Меган, кои минатиот месец звучно го најавија повлекувањето од своите должности во Виндзор за да водат посамостоен живот и да имаат приватност, се преселија во Британска Колумбија, каде што се забележани.
Но, според последните информации, двојката се „надева“ дека ќе помине дел од летото во Лос Анџелес, родниот град на Маркл, при што се шпекулира дека овој потег е планиран за Меган да се врати на глумата. Маркл ја стекна нејзината репутација со улогата во ТВ-серијата „Костуми“, во која глумеше од 2011 до 2017 година, пред да се омажи за Хари.