Осумдесет и петгодишната британската актерка и добитничка на „оскар“ Џуди Денч, стана највозрасната личност што се појавила на насловната страница на британското издание на „Вог“, откако нејзината фотографија беше објавена во јунскиот број, пренесува „Гардијан“.
Актерката е фотографирана непосредно пред затварање на јунското издание на магазинот, а во интервјуто зборува за нејзините искуства за време на самоизолацијата во нејзиниот дом во Сари.
„Сигурна сум дека чувствувам како и сите други, оти ваквите невидени времиња се тешки за разбирање. Доброто е што пандемијата ги натера луѓето да ги сфатат другите кои се сосема сами. Ако од сето ова произлезе голема добрина, тогаш тоа ќе биде плус – вели таа.
Денч стана ѕвезда на социјалните медиуми за време на кризата „ковид-19“, појавувајќи се во видеата објавени од членови на семејството, и покрај тоа што таа лично не ги користи социјалните медиуми.